Добредојдовте

Компанијата Агрожито самостојно работи од 2005 година. Седиштето на компанијата се наоѓа во Пробиштип, а погонскиот дел се наоѓа во селото Бучиште.
Главна активност на Агрожито е производство на житни култури за семенски материјал и житни култури во млинската индустрија.
Освен оваа земјоделска гранка, Агрожито се занимава со доработка на органски и конвенционален восок, како и продажба на сите видови на пчеларска опрема.